Денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени, како и лицата во старските домови

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затвореници, лицата во домашен притвор, 8.851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.

Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2.162 затвореници. Најмногу глсачи има во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119… Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8.851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат. До ОИК пристигнале 9.217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, а прифатени беа само 8.851.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.

Во земјава утре ќе се одржат осмите локални избори од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа на 3.474 избирачки места за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.

На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури.

Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

Право на глас на Локалните избори имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата додека останатите 112 илјади се запишани во посебниот Избирачки список со лица кои се иселени од државата. Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас.

Гласањето започнува во 7:00, а завршува во 19:00 часот.

Изборната кампања за Локалните избори 2025 заврши синоќа на полноќ кога почна молкот пред гласањето в недела на 19 октомври.

Правилата за изборен молк важат до 19 октомври во 19 часот.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Македонија

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Read more

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Вести

  • filter

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Читај повеќе

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Читај повеќе

Три години од масакрот на 7 октомври во Израел: Сите што беа на власт мора да си заминат

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе