Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Обвинителството објави детали за страшната сообраќајка во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист од село Побожје, Скопско.

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, со Seat Altea возел по улицата „Радишанска”. На крстосницата со улица „18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл Kawasaki кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил Alfa Romeo кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот Alfa Romeo.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Тагови
реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе