Димитров: ЕУ дозволи, тоа што за нас беше најважно и што го обезбедивме со Преспанскиот договор, сега да биде нападнато од Бугарија

Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме, порача претседателот на Солуција, Никола Димитров, на Сими Симпозиумот што се одржува по 27-ми пат во Грција.

„Силата на ЕУ секогаш била во принципите. Во моментот кога Европа ги напушта вредностите, тоа станува ништо. Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер кој испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права. Тоа не го гледаме“, порача Димитров.

Тој зборуваше за македонското искуство во европските интеграции и блокадите со кои земјава се соочува:

„ЕУ дозволи тоа што нас ни беше најважно и тоа што го обезбедивме со Преспанскиот договор, тоа што Грција го прифати – дека ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик, да биде сега нападнато од Бугарија. Бугарија гордо го грабна ветото, откако тоа прво ни беше ставено од Франција, ужасна геостратешка грешка на Париз. И сега наместо да зборуваме за реформи, заглавени сме со срамни прашања од минатиот век, со наратив што едноставно е недозволив во XXI век во Европа – некој друг да ми кажува кој сум и каков јазик зборувам“, порача Димитров.

Тој зборуваше и за улогата на ЕУ на светската геополитичка сцена, потенцирајќи дека со политика на компромиси кога се клучните вредности во прашање, ЕУ си го подрива и сопствениот кредибилитет и своето значење во свет, кој станува мошне опасен и непредвидлив.

„Мислам дека многу европски лидери, со чест на исклучоци, не се свесни колку на долг рок ќе се одрази врз силата на ЕУ нивниот молк за Газа, на пример“, заклучи Димитров.

На панел дискусијата посветена на демократските предизвици во Медитеранот, заедно со Димитров беа и албанскиот државен министер за врски со Парламентот, Тулант Бала, Мехди Јома, поранешен премиер на Тунис, Амр Муса, поранешен генерален секретар на Арапската лига, професорот по политички науки на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Харис Милонас, Сонер Чапгатај од Вашингтон Институтот и Јахја Саид од Лондонската школа за економија.

Сими Симпозиум, каде претседател е поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, е една од водечките светски конференции која веќе 27 години се одржува низ Грција, каде се собираат околу двесте водечки мислители, професори, актуелни и поранешни лидери и истакнати општествени дејци од целиот свет.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Македонија

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Read more

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Read more

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Read more

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе