Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 7 септември.
Во Одлуката на РКЕ е применета владината Одлука за намален износ на ДДВ за нафтениот дериват Еуродизел (Д-Е V) во износ од 10% и Одлуката за намален износ на акцизата од 2,00 денара/литар кај бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 денари/литар кај Еуродизел (Д-Е V).
Од 15 септеври од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 100,50 ден/л
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 102,50 ден/л
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 99,00 ден/л
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 109,50 ден/л
- мазут М-1 НС – 48,243 ден/кг
Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,00 денара/литар.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,242 денари/килограм и сега ќе изнесува 48,243 денари/килограм.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 15 септември. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.