ДОМ: Дислокацијата на „Усје“ не е „невозможна мисија“, тоа се застарени економски модели

Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели, велат од ДОМ.

Од таму додаваат дека во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“,  уште еднаш ги истакнуваат и посочуваат стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот.

„Како одговорна зелена партија, јавно укажуваме и апелираме до Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) по јавната расправа и при обновата на дозволата, од страна на цементарата 'Титан Усје' мора да бидат безусловно исполнети следните барања:

· НУЛА емисии во рок од 6 месеци: Итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички (PM10 и PM2.5), како и системи за десулфуризација и денитрификација за запирање на емисиите на сулфур диоксид (SO2) и азотни оксиди (NOx).

· 24/7 Јавен дигитален мониторинг: Податоците од оџаците да се емитуваат во живо на веб-страницата на МЖСПП и на јавни екрани во општината Кисела Вода.

· Заштита од токсини: Задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен (Activated Carbon Injection) и вреќасти филтри за целосно неутрализирање на диоксините и фураните. Со ова ќе се гарантира дека ниту една канцерогена материја нема да се испушта во воздухот додека трае процесот на преселување“, се наведува во соопштението на ДОМ.

Исто така, ДОМ предлага паралелно со овие процеси да се разгледува и можноста за воведување на моделот „Зелен Урбан Трансфер“ – стратешко решение кое овозможува дислокација на цементарницата без никакви трошоци за државниот буџет.

„Тврдењата дека дислокацијата е 'невозможна мисија' се должат на застарени економски модели. Потребно е да се размислува стратешки со цел да се најдат оптималните и најдобри решенија од кои бенефит ќе имаат државата и граѓаните, а не приватните корпорации на кои најважен и примарен им е профитот без разлика на последиците. Граѓаните на Скопје заслужуваат чист воздух и економски развој со хуман пристап, а не по цена на здравјето“, велат од ДОМ.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе