ДОМ: За дата-центрите мора да има јасни правила, а не двосмислени изјави

Премиерот Мицкоски постојано ги повторува изјавите дека дата-центрите се „неповратен процес“ и дека преку нив ја води Македонија кон напредок и иднина. Но, напредокот не е само во тоа да се гради. Напредокот е да знаеме што градиме, каде градиме, по која цена за граѓаните и природата и какви ефекти ќе има тоа врз целокупниот квалитет на живот, велат од ДОМ преку соопштение.

„Ако навистина сакаме да гледаме што прави светот, тогаш треба да ја видиме и другата страна на приказната.

Токму во САД и Европа, државите и локалните власти сè почесто воведуваат мораториуми и ограничувања за вакви проекти поради огромната потрошувачка на струја и вода. Њујорк воведе едногодишен мораториум, Тексас го стопираше приклучувањето на нови дата-центри на мрежата, Амстердам воведе ограничувања за нови дата-центри и нивни проширувања до 2030 година, а Данска предлага дата-центрите да имаат најнизок приоритет за приклучување на електроенергетската мрежа.

ДОМ не е против дигитализацијата, високите технологии и инвестициите. Напротив. Но, не може Македонија да се натпреварува во привлекување дата-центри, а притоа прво да не одговори на основните прашања: од каде ќе дојде електричната енергија, колку вода ќе се троши, кој ќе ја финансира потребната инфраструктура и кој ќе ја плати цената доколку системот не може да го издржи товарот?

Затоа, наместо да се убедуваме дали „светот оди напред“, време е да разговараме како треба да изгледа одржливиот развој во Македонија.

ДОМ бара:

🔹 Независна анализа на влијанието врз електроенергетскиот систем и водните ресурси пред какво било одобрување;

🔹 Задолжителни ограничувања за потрошувачката на ресурси и обврска за користење обновлива енергија;

🔹 Забрана за градење во заштитени подрачја и региони со дефицит на вода;

🔹 Инвеститорите самите да ја финансираат потребната дополнителна инфраструктура;

🔹 Целосна транспарентност и учество на граѓаните и општините;

🔹 Итно воведување мораториум доколку анализите покажат неприфатливо оптоварување на електроенергетските и водните ресурси, како и неприфатливи влијанија од загревањето, бучавата и другите еколошки последици.

Македонија не треба слепо да ги следи трендовите во оваа област и да се фокусира само на економските интереси. Треба да ги следи и најдобрите практики во светот.

Ако САД и европските земји можат да кажат „стоп, прво да ги утврдиме капацитетите и правилата“, тогаш тоа мора да се применува и во Македонија.

Вистинскиот напредок бара одговорност. А за тоа неопходни се јасни правила и заштита на јавниот интерес“, се додава во соопштението.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

Македонија

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Read more

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Read more

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Вести

Без дозвола, пијани и со туѓа регистрација: 13 возачи приведени низ Македонија

Читај повеќе

До 34 степени за викенд: По посвежите денови, Македонија повторно ја очекува летна жега

Читај повеќе

Владата денеска ќе го намалува ДДВ-то за горивата

Читај повеќе

Нов напад во Ормус: Загрозено глобалното снабдување со нафта, Брент над 100 долари

Читај повеќе

Светот на Хомер: Археологијата го оживува светот на Илијада и Одисеја

Читај повеќе

Летото попушта: Сончево, посвежо и до 30 степени, силен ветер во Повардарието

Читај повеќе

Зеленски подготвен за средба со Путин: Мора да се сретнеме и да разговараме

Читај повеќе

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Читај повеќе

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Читај повеќе