Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека секојдневно се истурале тони вода, но чадењето продолжувало. Вчера властите прибегнаа и кон затрупување на опожарените делови, но депонијата продолжи да гори и утрово.

Ангелов најави дека во 12 часот ќе одржи прес конференција на која детално ќе информира за сите активности кои се преземаат на депониите Дрисла и Вардариште.

Жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Драчево и Кисела Вода, синоќа на социјалните мрежи реагираа дека надвор не се дише и мириса на изгорено. Ангелов кажа дека ветрот го сменил правецот и чадот од депонијата се упатил кон Скопје.

Здружената иницијатива „Зелен хуман град“, која во Советот на Град Скопје има двајца свои претставници, остро реагираше на најавата на премиерот дека партијата на власт ќе бара фирма која преку јавно-приватно партнерство ќе управува со депонијата Дрисла. Според иницијативата, досегашните политики само ги третираат симптомите, додека потребно е системско решение што ќе го елиминира коренот на проблемот – самиот концепт на депонирање.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Македонија

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Read more

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Read more

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Read more

Вести

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Читај повеќе

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија има големи проблеми

Читај повеќе

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Читај повеќе