ДУИ бара истрага против директорот на МЕПСО, Бурим Латифи

 

Демократската Унија за Интеграција бара итна истрага против Бурим Латифи, Генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, по меѓународната одлука која ја обврзува државата да плати 6 милиони евра штета директна последица на неговите одлуки.

„Латифи ја раскинал постојната договорна обврска со компанијата Енергоинвест од Сараево и ја заменил со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука, компанија тесно поврзана со мрежата на интереси на Милорад Додик. Меѓународниот трибунал ДАБ, кој работи според правилата на ФИДИК, ги отфрлил сите барања на МЕПСО во вредност од 19,3 милиони евра и му признал на Енергоинвест право на 6 милиони евра, кои ќе излезат од државниот буџет од џебовите на граѓаните“, велат од партијата.

ДУИ констатира дека Бурим Латифи, за кој како што велат, бил именуван на чело на стратешко државно претпријатие врз семејна и политичка основа, донел одлуки кои директно го оштетиле јавниот интерес и воведиле компанија поврзана со Додик во критичната енергетска инфраструктура на држава членка на НАТО.

ДУИ од Јавното обвинителство бара итно покренување на кривична постапка против Бурим Латифи за злоупотреба на службена положба и оштетување на државниот буџет, бара целосна ревизија на сите договори потпишани за време на неговиот мандат и итно суспендирање на договорот со ЕЛНОС БЛ до целосно разјаснување на околностите.

„Шест милиони евра од државниот буџет се цената на политичките именувања и врските со Додик. Бурим Латифи мора да одговара.”

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Македонија

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Вести

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе