ДУИ: КК Чаир добил 3,6 милиони денари, Изет Меџити да каже каде завршиле овие пари

Откако Изет Меџити го презеде раководењето со Општина Чаир, еден по еден пропаѓаат клубовите кои со години беа спортска гордост на Чаир, велат од ДУИ.

„Првиот и најдраматичен случај е ФК Шкупи. Клуб кој пред само неколку години беше шампион на Македонија, настапуваше во европските натпреварувања и беше гордост на Чаир, минатата сезона заврши на дното на табелата и испадна од првата лига. Од шампион, до испаѓање од лигата“, велат од ДУИ.

Партијата обвини дека сега истото се случува и со кошарката.

„Кошаркарската федерација соопшти дека КК Чаир не ги исполнил финансиските обврски за лиценцирање и нема да биде дел од Суперлигата во сезоната 2026/2027. Според објавените информации, КК Чаир го имал најмалиот долг од трите клуба кои првично не добиле лиценца. Другите два клуба ги подмириле обврските и ја обезбедиле лиценцата. Чаир не. И токму тука Изет Меџити треба да им даде одговор на граѓаните. Само во текот на 2026 година, Општина Чаир му доделила на овој клуб 3.600.000 денари јавни пари. Покрај овие средства, клубот имал и други извори на јавно финансирање. Лицето поврзано со управувањето на клубот истовремено е вработено во администрацијата на Изет Меџити и имало одговорности токму во областа на финансиите“, велат од ДУИ.

Тврдат дека милиони денари се доделени на клубот, а на крајот, клубот не успева да ги плати обврските потребни за да ја задржи лиценцата.

„Затоа бараме одговори: Колку пари вкупно добил КК Чаир од Општината и од другите институции? Каде завршија 3,6 милиони денари доделени само оваа година? За што се потрошени? Колкав бил долгот кон Федерацијата кој не бил платен? И како имало милиони денари за клубот, а немало пари за да се спаси неговата лиценца? Изет Меџити треба да одговори и кој го контролирал начинот на кој се користеле овие јавни средства, кога лицето поврзано со клубот истовремено е дел од администрацијата која се занимава со финансиите“, велат од ДУИ.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Македонија

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Read more

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Read more

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно одлучување

Read more

Времето денеска сончево и топло, за викендот повремен дожд

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе