ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара оставка од градоначалникот на Општина Чаир, Изет Meџити. Од партијата му порачаа на Меџити да не го држи народот во заложништво поради своите лични грешки. Од ДУИ тврдат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Меџити под целосна контрола преку судско досие од 320 страници со флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир.

„Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост и негодување кон безпреседентната политичка и правна ситуација која се одвива на политичката сцена. Веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Изет Меџити под целосна контрола преку судско досие од 320 страници, кое документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир, прекршувања кои предизвикале директна штета на општинскиот буџет во износ од 72 милиона евра. Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред“, велат од ДУИ.

Оттаму велат дека фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент на правдата, туку како лост за притисок врз градоначалникот на Општина Чаир.

„Меџити, опкружен со овој Дамоклов меч, продолжува да ја задржи својата позиција, ставајќи го личниот интерес над интересот на албанскиот народ и граѓаните на Чаир. ДУИ нагласува дека 72 милиона евра штета на општинскиот буџет не се апстрактна бројка, тоа се болници кои не се изградени, улици кои не се асфалтирани, градинки и училишта кои не постојат, и осиромашени граѓани жртви на безодговорно и сомнително управување. Секој ден кој Меџити го поминува на функција е уште еден ден во кој граѓаните во Чаир ги носат последиците од неговите грешки“, велат од ДУИ.

Партијата бара Изет Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник на Општина Чаир, и, како што велат, индивидуално да се соочи со правните обвинувања против него, онака како што бара секој елементарен стандард на демократијата и чесното управување.

„Правдата не е предмет на преговори. Граѓаните на Чаир заслужуваат лидери кои им служат на граѓаните со интегритет, а не поединци кои го користат мандатот како лично штитење од законот. ДУИ ќе продолжи да стои до граѓаните и ќе се бори за целосна одговорност за секое евро оштетено од буџетот на Чаир. ДУИ им се обраќа на сите политички сили, институции и јавното мислење да се издигнат заедно во одбрана на интересите на граѓаните и на правдата. Молчењето и неактивноста се соучесништво“, велат од ДУИ.

Тагови
реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Македонија

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Read more

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Read more

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Read more

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Read more
 

Вести

Утре променливо облачно време со дожд и грмежи, температурите во опаѓање

Читај повеќе

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Читај повеќе

Казината ќе се дислоцираат од училиштата, се отстрануваат терминалите – Владата го утврди предлог-законот за игри на среќа

Читај повеќе

Преку ПОЦ ќе се селектираат и рециклираат батерии во Центар

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Читај повеќе

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Читај повеќе

Шефот на НАТО: Црна Гора промовира мир и стабилност на Западен Балкан

Читај повеќе

Левица бара замрзнување на цените на основните производи: Цените растат со темпо кое народот не може да го издржи

Читај повеќе

Трамп: Куба бара помош, ќе разговараме за тоа

Читај повеќе