ДУИ: Скандал – единствениот Албанец од вкупно 12 во комисијата за наградата 8 Септември се предлага самиот себеси за добитник

Денеска сакаме да ја алармираме јавноста за еден невиден скандал кој го загрозува не само интегритетот на државните награди 8 Септември, туку и духот на граѓанска еднаквост гарантиран со Охридскиот договор. Денеска, во Кристалната сала на Парламентот, Комисијата за доделување на Државната награда 8 Септември ќе ги додели највисоките признанија за животно дело и за достигнувања во областа на спортот. Ова е највисоката државна награда во спортот, големо признание што треба да претставува правичност, меритократија и почит за сите наши спортисти, велат од ДУИ.

„Но, што гледаме денес? Комисијата, формирана со потпис на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е составена од 11 Македонци и само 1 Албанец. И, за иронија на судбината, единствениот Албанец, Хамид Бакија, наместо да предложи еден албански спортист, решил наградата да си ја додели самиот на себеси.

Ова не е само судир на интереси, ова е срам и чиста неправда! Апсурдна и навредлива ситуација за албанските спортисти кои со децении придонесуваат со труд и успеси во спортот на Северна Македонија, но остануваат исклучени од државно признание и почит.

Ова не е изолиран случај. Минатата година имавме идентичен пример кога брат на еден градоначалник од ВМРО, како член на комисија, сам на себе си додели награда. И тогаш сè помина во тишина. Дали повторно ќе молчиме?

Ова прашање веднаш ќе биде адресирано пред Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи претставува флагрантен судир на интереси и отворена дискриминација.

Нашата порака е јасна:

Спортот треба да обединува, а не да дели.

Спортот треба да гради мостови, а не етнички бариери.

Охридскиот договор и принципот на еднаквост не се празни букви на хартија, туку темели врз кои мора да функционира секоја државна институција.

ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста, правдата и достоинството на секој граѓанин, во секоја институција и во секоја област на животот, вклучително и спортот. Ова не е само апел, ова е повик за правда и еднаквост!“, се наведува во соопштението на ДУИ.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Македонија

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Read more
 

Вести

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Читај повеќе

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Читај повеќе
  • play_arrow

Трагедија на Малдивите: Пет Италијанци загинаа додека нуркаа во пештера

Читај повеќе

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Читај повеќе

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Читај повеќе