Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и провокативна уметничка интервенција под наслов „Ограничена мобилност, со цел да ја подигнат јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите граѓани со намалена подвижност, како и младите родители што секојдневно се движат низ градот со детски колички.

Во рамките на оваа креативна акција, стари и нефункционални инвалидски колички беа трансформирани во имагинарни „летечки колички“. Опремени со крилја и пропелери, овие симболични објекти пренесуваат моќна порака: во денешно Скопје, за многумина движењето низ јавниот простор е возможно — само доколку можат да летаат.

И покрај долготрајните јавни дискусии, голем дел од скопските улици, тротоари, институции, трговски центри и јавен превоз сè уште се физички недостапни за лицата кои користат помагала за движење. Симболичната интервенција се одвиваше на повеќе локации низ Скопје, во соработка со локални жители и претставници на лица со ограничена подвижност.

„Со оваа акција, како уметници и активисти сакаме да испратиме јасна порака за систематското институционално и инфраструктурно занемарување на лицата со ограничена мобилност, кое исклучува илјадници граѓани од полноправно учество во општествениот, социјалниот, културниот и економскиот живот. Сметаме дека пристапноста не е привилегија — таа е основно човеково право“, порачаа активистите.

Во понеделник ќе биде организирана уште една слична акција, а во вторник (24 јуни) од 20 часот во Мобилната монтажна галерија ќе биде отворена изложба со наслов „Ограничена мобилност“.

Иницијативата се реализира како дел од регионалниот проект „Млади, култура и активизам за промени“, кој заеднички го организираат Центарот за современа уметност – Скопје и DELI – Простор за креативна активност од Ниш. Проектот е финансиски поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Македонија

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Read more

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Read more
 

Вести

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе