Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија, задржан спорниот дел за историјата

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ.

Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија да постигне јасни и опипливи резултати. Притоа се наведува дека толкувањето на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа треба да се темели на објективни, автентични и со докази поткрепени историски извори и документи, во согласност со Вториот протокол од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

„Извештајот детално ги разгледува областите во кои се постигнува напредок и покажува дека земјата јасно се движи по патот кон Европската Унија. Истовремено, нагласува дека сè уште се потребни одредени реформи“, изјави Вајц.

Во документот се посочува дека Северна Македонија заостанува во владеењето на правото, додека уставните измени и понатаму остануваат услов за продолжување на пристапниот процес.

Во конечната верзија на извештајот се наведува дека, и покрај одреден напредок, реформската агенда се спроведува бавно, а институционалните слабости и недостигот од политичка волја ја намалуваат довербата во системот. Посебен акцент е ставен на владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Урнал ѕид од подрум поради исчезнати кокошки, а зад него пронашол град стар илјадници години

Read more

Македонија

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Read more

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Read more

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Read more

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Read more

Вести

Одбил да седне до жена поради шеријатскиот закон, па ја удрил стјуардесата оти одбила да го премести

Читај повеќе

Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Читај повеќе

Агенцијата за храна забрани да се пие водата во Гостивар

Читај повеќе

Стотици граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, се сомнева дека водата од Вруток е загадена

Читај повеќе

Одбиен амандманот на Левица за покривање на трошоците на македонските репрезентативци

Читај повеќе

Владата донесе одлука – кризната состојба за нафта продолжена до 20 октомври

Читај повеќе

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Читај повеќе

УЈП со повик до граѓаните да се регистрираат на системот е-Даночни услуги

Читај повеќе

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

Читај повеќе