Филипче: Бугарија потврди дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку европско прашање

Мицкоски и Муцунски ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Remote video URL

„Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова Чамова. Потоа, кога излегоа информациите на европските медиуми, рече дека тоа било само кратка размена на зборови. Но, најважно од се, која е пораката на министерката на Бугарија, а што Тимчо Муцунски и Христо Мицкоски ја сокрија од јавноста. Ја цитирам: 'Бугарија има јасно изразен став кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат'. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години и ако тие не го искористат навистина можат да изгубат“, рече Филипче.

Тој вели дека Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија.

„Европско, а не билатерално прашање. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, вчера исто така упати порака дека Брисел е подготвен да ги поддржи земјите од регионот, но дека истовремено се очекуваат и реформи. Истото го порача и Марта Кос, дека има место во Европската Унија за сите земји од Западен Балкан, но дека успехот зависи од спроведените реформи на земјите кандидати“, рече Филипче.

Обвини дека Мицкоски и Муцунски го блокираат европскиот пат за да ја заштитат, како што рече, својата криминална група и да продолжат со грабежот на државата.

„Што ветуваа, дека ќе го вратат името и дека ќе го поништат Преспанскиот договор? Гласаа против, а сега министерот Муцунски гостува на Euronews и кажува колку НАТО, внимавајте, било позитивна стратешка одлука за иднината на државата и креирање на клима за инвестиции. Па вакво разобличување на уште една нивна лага на ваков европски канал досега немало. Луѓето кои што беа против НАТО, кои што беа против Преспанскиот договор, луѓето кои што ќе го поништуваа Преспанскиот договор и ќе го враќаа името, сега го фалат членството во НАТО“, рече Филипче.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Read more

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Вести

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Читај повеќе

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Читај повеќе

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе