Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија на тема „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“ упати повик до власта за заедничко носење на уставните измени.

Филипче истакна дека во наредниот период во посета на земјата ќе дојде претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, и дека Европската Унија повторно го става проширувањето високо на својата приоритетна агенда.

Посочи дека веќе постојат активности во ЕУ поврзани со пристапните процеси на земјите од регионот, вклучително и изработка на пристапен договор за Црна Гора, како и напредок кај Албанија.

Според него, актуелните геополитички околности – вклучително војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток – го забрзуваат процесот на проширување, што претставува „историска шанса“ за регионот.

Филипче порача дека доколку државата не ги направи потребните чекори, може да остане надвор од следните фази на проширувањето и од идните буџетски рамки на ЕУ.

Упати директен повик до премиерот Христијан Мицкоски и власта за заедничко усвојување на уставните измени, нагласувајќи дека одговорноста за процесот треба да биде споделена меѓу политичките фактори.

Филипче додаде дека, според неговите очекувања, преговорите со ЕУ нема да задираат во идентитетските прашања, но дека сите политички актери треба заеднички да учествуваат во процесот на преговори и реформите.

Предупреди дека пропуштање на моментот може да доведе до економски последици, иселување на младите и продлабочување на сиромаштијата, повикувајќи на итно дејствување.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе