Филипче: Историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови, туку билатерални прашања

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека неодамнешните изјави на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претставуваат потврда на ставовите што СДСМ ги застапува подолг период.

Во објава на социјалната мрежа Х, Филипче посочи дека историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската Унија, туку претставуваат билатерално прашање меѓу двете држави.

Тој се повика на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку расправи за историјата и идентитетот, како и дека земјата треба да биде оценувана според Копенхашките критериуми.

Филипче нагласи дека реформите и исполнувањето на европските критериуми се клучни за напредокот кон членство во ЕУ и порача дека тие не претставуваат закана за македонскиот јазик, култура и национален идентитет.

Во објавата, упати критики и кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за, како што наведе, поделби, изолација на државата и запирање на евроинтегративниот процес. Филипче ја заврши пораката со повик за реформи и побрзо придвижување кон Европската Унија.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Македонија

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Read more

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Read more

По Груевски, се спаси и Латас: Застаре предметот за даночно затајување

Read more

Повеќе од 250 доброволни пожарникари ќе гаснат пожари летово во Македонија

Read more

Вести

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу 3 милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Читај повеќе

Под лупа: Каде е најчисто морето во Црна Гора?

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Читај повеќе

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Читај повеќе

Џеј Ди Венс ја обвини израелската влада дека ги свртила Американците против договор со Иран

Читај повеќе