Филипче: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ

Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче нагласи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не исполнила ниту едно од клучните ветувања со кои дојде на власт, а особено е загрижувачки што кај граѓаните е убиена надежта дека Македонија може да биде подобро место за живеење.

Посочи дека наместо напредок кон Европската Унија и подобри услови за граѓаните, денес Македонија се движи во спротивна насока, додека младите не гледаат перспектива во сопствената држава.

„Што е случи со европскиот пат, дека регионот оди напред. Ништо. Рекоа ќе ги подобрат условите. Ќе го поништуваше Преспанскиот договор. Не знам што сѐ друго ветуваше. Ништо од тоа нема. Ништо буквално. Ќе се грижеше за граѓаните. Една мерка кажете со која што се грижи за граѓаните, една работа. Сега се живее многу полошо отколку пред 2-3 години. Не само што се живее полошо, најстрашното од сѐ е што убиена им е на луѓето надежта дека тука може да биде подобро место на живење со оваа криминална група, затоа што им даваат лош пример на младите и како се владее и како се менаџира со државата“, рече Филипче.

Во одговорот, Филипче рече дека промената ќе дојде преку граѓаните и дека Македонија повторно ќе се врати на европскиот пат, со перспектива младите својата иднина да ја гледаат дома.

„Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и оваа работа ќе се смени. И ќе влеземе во Европа, и младите ќе ја гледат иднината тука“, рече Филипче.

Remote video URL
реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Македонија

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе