Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

Претседателот на Европскиот Совет, Антониу Кошта, јасно и недвосмислено кажа дека уставните измени се единствениот пат да се продолжи со европскиот пат на земјава и како што кажа - ништо повеќе. Вистината излезе на виделина, нема дополнителни гаранции, нема дополнителни услови, постојат само уставни измени, сѐ друго е само измислица и само една кампања. Христијан Мицкоски и ВМРО дојдоа на власт со лаги. Ветуваа подобрување на нашата преговарачка позиција, ветуваа менување на преговарачката рамка, гаранции, понатаму уставни измени со одложено дејство, вели Венко Филипче, лидерот на СДСМ.

„И сега е јасно, така како што укажувавме целиот изминат период – такви гаранции е невозможно да се добијат. Одложено дејство на уставните измени едноставно нема. И тоа беше лага со која што и Христијан и неговата банда ја манипулираа јавноста. И сега кога и самиот Антониу Кошта го потврди она што ние го зборуваме со години наназад, Мицкоски и неговата пропагандна машинерија продолжуваат со лажни вести и да широт лаги. Ќе јадеме корења, Швајцарија не е во Европска Унија, Европа се распаѓа, Турција не е во Европската унија и веќе неговата позната изјава ни милиметар нема да се поместиме“.

Според Филипче, додека пола Влада, пратеници, функционери на ВМРО имаат бугарски, односно европски пасоши во џебовите, сите други во државата и нивните деца сега треба да чекаат со децении.

„Значи сите да јадат корења, а Владата, претставниците на власта со владиниот авион да одат на море. Дали е тоа патриотизам? Тоа е само едно големо лицемерие. Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат во Европа затоа што таа носи европско судство, носи европско обвинителство, носи европска контрола, носи крај на телефонските повици на обвинителите и сето тоа носи одговорност. Затоа и се служат со лажен патриотизам.“

Ние, додава Филипче, поддржуваме внесување на малцинствата во Уставот и со тоа да продолжи европскиот пат на земјата. Така, како што оцени, граѓаните ќе видат вистински бенефит.

„Понудивме пред неколку недели да споделиме одговорност и да одиме на референдум. Нека кажат граѓаните што мислат за ова, затоа што не гласаа за оваа блокада на европскиот пат. А, за сѐ друго не можеме да дадеме поддршка на оваа криминална власт.

Пред нас е историска шанса. Долги децении сме ја чекале оваа шанса. Ако ја пропуштиме ќе помине моментумот и ќе се затвори оваа врата која што ја отвора Европската Унија. Ќе останеме надвор од Европската Унија, слепо црево на Балканот во Европа, уште кој знае колку години и децении надвор. А, гледаме дека со најавата и изјавата на Христијан Мицкоски дека нема да се поместиме ни чекор и дека сме спремни да чекаме со децении, тој таа изјава ја кажува со некакво чудно задоволство, а таа цена сите нас ќе нѐ чини прескапо. Затоа сме толку гласни и толку настојуваме со ова многу важно прашање за државата, затоа што суштината на политиката е да се обезбеди подобар живот на граѓаните во земјата и подобра и посигурна иднина на државата.“

Со Христијан Мицкоски и со ВМРО на чело на земјава едноставно нашата земја нема перспектива, оцени Филипче.

„Едноставно ќе нѐ контролира една организирана криминална група, ќе се организира околу партизираните тендери, ќе ја украде европската иднина во државата. Тој план веќе се спроведува. Заслужуваме да се интегрираме во Европа каде што секако припаѓаме историски, географски, политички, културно и вредносно. Затоа се потребни реформи и потребна е Европа, час поскоро.“

Remote video URL
реклама

Кога е препорачливо да избегнувате употреба на омекнувач за алишта?

Read more

Од италијанска гледна точка: Чудни работи во македонските маркети

Read more

Сообраќајни знаци што често ги збунуваат возачите: Кој има предност?

Read more

Веројатно погрешно ги чувате краставиците: Едноставен трик може да ги одржи свежи до две недели

Read more

Македонија

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Read more

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Read more

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Read more

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Read more

Вести

Нова ескалација во Заливот: Иран напаѓа американски цели во регионот, САД ги напаѓаат своите радари

Читај повеќе
  • filter

Отворен 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Сè додека има сцена, публика, приказни, театарот ќе опстане

Читај повеќе
  • play_arrow

Масовен напад со дронови врз родниот град на Путин

Читај повеќе

Променливо време со пороен дожд и температури до 34 степени Целзиусови

Читај повеќе

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник, соопшти МОН

Читај повеќе

191 кривично дело за семејно насилство во месец мај: МВР алармира на зголемен број на случаи

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски за европските аспирации: Целта е да станеме држава која испорачува најмногу реформи, но да го сочуваме и националното достоинство

Читај повеќе

Тешко повредено 13-годишно дете, со електричен тротинет удрило во автомобил

Читај повеќе

Во сабота посебен режим на сообраќај во Скопје

Читај повеќе