ФЗО го „чешлаше“ МВР: Утврдени лажни боледувања, изречени казни од 1,2 милиони денари

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), по барање на Министерството за внатрешни работи, спроведе детална контрола на боледувањата кај вработени во МВР.

Контролата беше реализирана во втората половина на 2025 година и опфати 80 осигурени лица, кај кои биле евидентирани вкупно 514 боледувања.

Од вкупниот број боледувања 258 траеле до 7 дена, 171 траеле до 15 дена, 83 биле со траење од 30 или повеќе дена.

Најчесто користени дијагнози при издавање на боледувањата биле: болести на респираторниот систем (82 случаја), болести на мускулно-скелетниот систем и сврзното ткиво (69 случаи), болести на дигестивниот систем (45 случаи).

При контролата се утврдени неправилности кај 29 од контролираните 80 лица, што претставува околу 37% од опфатените случаи.

„Овие 29 лица користеле вкупно 236 боледувања, од кои 100 биле оценети како неуредно издадени, додека 136 биле уредни. Тоа значи дека неправилности се утврдени кај 100 од вкупно 514 боледувања, односно кај околу 19,5% од вкупниот број контролирани боледувања“, соопшти директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Во рамки на постапката, контролирани се и 105 приватни здравствени установи, претежно ординации по општа медицина (98), како и ординации по гинекологија и акушерство (4) и стоматологија (3).

Неправилности биле констатирани кај 29 здравствени установи, од кои 27 од општа медицина и 2 од гинекологија. Неправилности се утврдени и кај тројца специјалисти и кај две комисии.

Најчести утврдени неправилности се неисполнување на задолжителните дијагностички постапки согласно Критериумите од Правилникот за оценка на привремена спреченост за работа.

За сите утврдени неправилности, во тек се постапки за изрекување казни во вкупен износ од 1,2 милиони денари.

„Оваа активност на Фондот е дел од засилените контроли врз боледувањата во јавниот сектор, каде во последните години се регистрираат значителни сомнежи за злоупотреби на системот за привремена спреченост за работа. Фондот за здравствено осигурување останува цврсто посветен на доследна примена на прописите, унапредување на контролниот систем и заштита на средствата од задолжителното здравствено осигурување“, вели Клековски.

Тагови
реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе