Генералка викенд од 8 до 10 мај – десетици илјади волонтери ќе чистат на 500 локации во Македонија

На 8, 9 и 10 мај по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.

„Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Генералка викенд прерасна во национална годишна традиција која докажува дека грижата за татковината може да обедини луѓе од различни општествени, културни и јавни средини“, велат организаторите.

Акцијата ќе се спроведува три дена истовремено на повеќе од 500 локации, во 80 општини низ целата земја. Овие еко акции се организирани и координирани од општините во соработка со Црвениот крст.

Официјалниот настан за отворањето на Генералка викенд 2026 е во 9 часот на 8 мај и ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Еко акцијата е организирана и поделена во 8 тимови, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции како што се: Чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили на Р.С. Македонија, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад Саубермахер и локалното население.

Ќе се спроведе и еко акција во Охрид (Конгресен центар), за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите Сороптимист Мома Охрид и Сороптимист Вадуц како дел од најстарата и најголема светска женска организација Сороптимист Интернешнл и со поддршка на Саубермахер.

Покрај сите активности за чистење на терен, преку соработката меѓу Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, еко-образовната програма „Еко час“ се спроведува во училиштата низ целата земја и во соработка со Генералка викенд.

Еко акцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја. Пораката е: Подготвени сме да го рециклираме отпадот од минатото за зелена иднина. Максимата на иницијативата останува иста: „Да се извалкаме и да исчистиме!“

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Македонија

Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица

Read more

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Read more

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Read more

Филипче: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Читај повеќе

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Читај повеќе

Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица

Читај повеќе

Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Читај повеќе

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Читај повеќе

По студениот бран, Европа се соочува со нагло затоплување

Читај повеќе
  • play_arrow

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Читај повеќе

Филипче: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Читај повеќе

Војната во Иран веќе ги чинеше компаниите 25 милијарди евра: Кој сектор е најпогоден?

Читај повеќе