Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија.

Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица.

Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.

Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.

„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.

Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.

Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.

„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

Тагови
реклама

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе