Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција, велат од Општината.

Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Oпштина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде што на 18 и 19 мај (понеделник и вторник) садовите ќе бидат поставени на следните локации:

– ул. „Анастас Митрев“, зад паркот до трансформаторот
– ул. „Венијамин Мачуковски“, до трансформаторот кај Железничката станица

Потоа, на 20 и 21 мај (среда и четврток), жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на:

– ул. „Владимир Комаров“ бр. 9, до контејнерите
– ул. „Владимир Комаров“ бр. 6-16, зад ТЦ „Скопјанка“

„Граѓаните за сите наредни локации и датуми можат да се информираат на официјалната веб-страница на Општина Аеродром aerodrom.gov.mk, поточно на линкот, каде што е објавен комплетниот план со точни термини и локации.

Со оваа акција Општина Аеродром им излегува во пресрет на жителите, овозможувајќи им бесплатно и организирано отстранување на стариот мебел и кабастиот отпад од домовите.

Истовремено, се придонесува кон заштита на животната средина и спречување на создавање диви депонии, кои ја загадуваат околината и оставаат лоша слика за општината“, се додава во соопштението.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Вести

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе