Ѓорѓиевски ќе урива дивоградби низ Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени мерки против дивите депонии и дивопоставените објекти низ градот, потенцирајќи дека „ред мора да има“. Тој информира дека по третпат се чисти депонијата во близина на гробиштата во Бутел, додека паралелно ќе се постапува и против узурпацијата на јавниот простор.

Ѓорѓиевски изјави дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое мора да биде достоинствено уредено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните масовно ги посетуваат гробиштата.

„Ова е трета акција за чистење откако сум градоначалник. Во изминатите четири дена повторно се спроведува расчистување во координација со Општина Бутел. Наместо средствата да ги насочиме кон развој и изградба, ние повторно трошиме ресурси – луѓе, камиони и механизација, за истата намена“, изјави тој.

Како претседател на ЗЕЛС, побара итно донесување на законските измени за комунална полиција, со кои се предвидува и зголемување на глобите.

„Мора да се воведе ред и во овој сегмент. Казните треба да бидат повисоки за конечно да се стави крај на несовесното однесување“, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски најави дека следува и поинтензивна акција против дивопоставените објекти кои узурпираат јавен простор, велосипедски и пешачки патеки, зелени површини и други јавни зони.

„Граѓаните 30 години бараат ред. Ред ќе има. Знам дека некој нема да го прифати тоа позитивно, затоа што му се нарушува комодитет кој му бил дозволен на грбот на градот и граѓаните“, рече тој.

Посочи дека постојат објекти поставени без никаква документација, па дури и во близина на здравствени установи.

„На Бит Пазар има објект поставен на велосипедска и пешачка патека, невозможно е да се функционира. Тој ќе биде отстранет. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор ќе постапуваме“,  истакна градоначалникот.

Според него, целта е изградба на систем во кој правилата ќе важат еднакво за сите.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Македонија

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Read more

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Read more

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Read more

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе