Ѓорѓиевски најави нови акции низ Скопје за дивите продавачи по улиците: Не може да се продава среде булевар

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека акциите против дивите продавачи ќе продолжат и во наредниот период, не само кај Бит-пазар, туку и околу пазарите во другите скопски општини. Тој порача дека продажбата на булевари, пешачки и велосипедски патеки нема да се толерира и дека оние што ќе ги повторуваат прекршоците повторно ќе бидат казнувани.

„Од самиот почеток на мојот мандат, она што се трудиме да го направиме во главниот град е да создадеме ред. Ред недостасува. Има граѓани кои веднаш по една или две опомени знаат да изреагираат и да се повлечат од ваквите девијантни појави што ги прават“, рече Ѓорѓиевски.

Вели дека точно се знае каде може да се продава и дека улиците и патеките наменети за пешаци и велосипедисти не можат да се користат како продажни места.

„Се знае каде е местото каде што треба да се продава. Не може некој да продава среде булевар, на пешачка или на велосипедска патека“, рече Ѓорѓиевски.

Акцијата на потегот од трговскиот центар „Мавровка“ до Бит-пазар беше спроведена во координација меѓу инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, комуналните инспектори на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи.

При контролата беа отстранети дивите тезги поставени долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, а беа одземени околу 500 килограми храна, најголем дел земјоделски производи. Беше отстранета и опремата за продажба поставена на пешачките и велосипедските патеки.

Ѓорѓиевски порача дека ваквите акции нема да бидат еднократни.

„Такви акции ќе продолжат и во наредниот период. Ако некој милува да добива и по десет пати казна за исто дело што го повторува, тоа говори за неговиот карактер, не говори за нашиот. Наша обврска е да создадеме ред“, рече градоначалникот.

Според него, продавачите имаат простор во пазарите каде што можат да ја продаваат својата стока, наместо тоа да го прават на јавните површини.

„Што се однесува до продавачите, тие имаат слободен простор во пазарите и се знае каде треба да ја продаваат својата стока или сите тие намирници што ги продаваат“, рече Ѓорѓиевски.

Најави постапување и во други делови од Скопје, нагласувајќи дека контролите нема да бидат ограничени само на Чаир и Бит-пазар.

„Имаме неколку пазари, но имаме постапувања не само во Чаир. Постапуваме и во Кисела Вода, во околината на пазарот, постапуваме и во Центар, во околината на пазарите. Секаде ќе постапуваме, ред мора да има во градот“, рече Ѓорѓиевски.

Порача дека нема да има толеранција за повторно зафаќање на јавните површини со диви продажни места.

„Толеранција за ваквиот тип појави нема да има и нема да дозволам тоа да се повторува во иднина“, порача Ѓорѓиевски.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Македонија

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Read more

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Read more

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Вести

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Читај повеќе

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Читај повеќе