Горивата можно е да поевтинат за околу 2,5 денари по литар, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар.

Како што изјави Мицкоски, во изминатите денови Владата заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини работела на можноста за намалување на цените на горивата.

„Работевме заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изминативе денови со најголемиот, би рекол снабдувач, тоа е „ОКТА“. И добра вест за македонските граѓани е што ОКТА на компаниите коишто соработуваат со нејзе, од денеска ќе даде попуст, отприлика 45 до 50 долари по тон. Тоа би значело намалување некаде околу 2,5 денари по литар“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека разговарал и со сопствениците на бензинските пумпи, кои, како што рече, најавиле дека попустот ќе го пренесат на крајните корисници.

„Бидејќи регулаторна ја одредува највисоката цена, очекувам откако ова ќе биде објавено, да веќе во текот на денот, за отприлика 2,5 денари по литар бидат намалени нафтата и нафтените деривати“, рече премиерот.

Според него, со ова намалување цената на дизелот во земјава би изнесувала околу 1 евро и 35 евроценти по литар, што е значително пониско во споредба со дел од земјите во регионот и Европа.

„Тоа што го кажавме, тоа и го правиме. Дека македонските граѓани ќе користат најевтини нафта и нафтени деривати и покрај тоа што сме на неколку стотици километри од воени дејства, жестоки воени дејства. Но, со добра организација, со еден конструктивен дијалог успеваме тие, би рекол предизвици, да ги надминуваме“, изјави Мицкоски.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе