За прв пат воведуваме бесплатно двосменско работење на градинките до 22 часот, за да им излеземе во пресрет на родителите и да им обезбедиме поголема поддршка на семејствата. Ова денеска го најави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој на претстојните локални избори се кандидира за втор мандат.
Потенцираше дека оваа мерка е наменета за родителите на деца од предучилишна возраст кои поради своите работни обврски имаат потреба од подолга грижа и безбедност за своите деца.
„Со ова мерка се обезбедува вистинска поддршка за семејствата, со што ќе им се олесни секојдневието на родителите“, додаде.