Градоначалникот Ѓорѓиевски најави декоративно осветлување на Камениот мост

Камениот мост ќе заблеска во ново светло. Едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, Камениот мост, наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување, кое ќе ја истакне неговата историска убавина и симболика, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Денес остварив протоколарна средба со делегација од турската Општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје, на која потпишавме Протокол за пријателство и заедничка соработка за имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост“, објави градоначалникот.

Тој додава дека со реализацијата на овој проект, Камениот мост, еден од главните симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување, внимателно усогласено со неговите архитектонски карактеристики.

„Во рамките на проектот ќе бидат поставени современи LED светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што мостот ќе добие нова естетска димензија и уште посилно ќе го истакне својот историски идентитет.  Со новото декоративно осветлување, Камениот мост ќе добие уште поголема препознатливост и ќе стане вистински ноќен симбол на Скопје, кој ќе ја истакне богатата историја и убавината на нашиот град“, вели Ѓорѓиевски.
 

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Се отвора најдолгата железничка рута во ЕУ

Читај повеќе

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе