Гром го предизвикал пожарот во велешката фабрика

Удар од гром е причината за пожарот што синоќа избувна во дел од производствениот погон на „BioCosmos“ во Велес, информираат од компанијата „Mirana“ преку официјално соопштение.

Од ударот се оштетени дел од просториите на „BioCosmos“ и, како што посочуваат оттаму, тие привремено ќе бидат надвор од употреба додека не се санира штетата.

Фабриката „Mirana“, која се наоѓа во истиот индустриски комплекс, не била зафатена од пожарот и производствениот процес таму продолжува непречено.

Во пожарот нема повредени лица.

Центарот за управување со кризи претходно денеска информираше дека пожарот бил целосно локализиран рано утрово, околу 4 часот. Според информациите на ЦУК, огнот зафатил магацински простор со фрижидери и канцеларии со документација, а на неколку места сè уште се забележува слабо чадење.

Иако пожарот е ставен под контрола, службите сè уште се на терен за да спречат повторно разгорување, со оглед дека на одредени локации сè уште се јавуваат чадења.

реклама

Македонија

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

ДУИ: Мицкоски го држи Меџити под контрола преку судско досие за нелегални градби во Чаир и штета од 72 милиона евра

Read more

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

Read more

Тајната на паметното купување? Во dm овие секојдневни производи чинат помалку отколку што мислите

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе