На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија денеска имало редици од странски возачи што чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на Безбеден град.
На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, бидејќи камерите на системот Безбеден град ги контролираат и главните транзитни правци низ земјата.