Идентификувани се 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека околу дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје.

Според него, Министерството за внатрешни работи веќе собрало дојави и информации за нивните активности, а во координација со Министерството за животна средина ќе следуваат конкретни акции.

„Идентификувани се околу дваесетина лица за коишто постои засновано сомневање дека стојат позади целиот овој процес“, изјави Мицкоски, додавајќи дека институциите интензивно работат на расчистување на случаите.

Посочи и дека веќе постои снимка која јасно покажува како бил подметнат пожарот во еден објект во Скопје, рано утрото во 4:30 часот.

„Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека постојат центри на моќ кои сакаат да внесат страв и паника пред изборите“, рече премиерот.

Според него, заседавањето на врвот на структурите на МВР е во тек, а институциите се решени да ги спречат обидите за создавање нестабилност. „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат. Ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме“, порача Мицкоски.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Македонија

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе