ИЈЗ: Нема радиоактивни отстапувања по пожарот во Трубарево, граѓаните да ги почитуваат препораките

По пожарот во Трубарево, каде што гореше складиште за електронски отпад, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека ова е ситуација со која државата за прв пат се соочува и повика таа да не се политизира и да не се создава паника.

Андоновска нагласи дека сите институции работат во рамките на своите надлежности и се координираат меѓусебно. Истакна дека Институтот издал општи препораки во согласност со меѓународните стандарди и дека нивното почитување, особено од страна на ранливите групи, може да помогне да нема здравствени последици.

„Како Институт сме обврзани да вршиме мониторинг на радијацијата и располагаме со современа опрема. Имаме 12 мерни станици кои во секунда покажуваат дали има отстапувања. Во моментов нема никакви отстапувања што се однесува до радиоактивност во воздухот“, изјави Андоновска.

Додаде дека ќе се вршат проверки и на почвата и водата, како и на алтернативните извори на вода што ги користат граѓаните. Појасни дека мерењето на квалитетот на воздухот не е во рамки на ИЈЗ, туку тие се задолжени за радиоактивност во воздухот и физички и хемиски својства во почвата и водата, а во тој дел нема отстапувања.

Апелира граѓаните внимателно да ги следат веќе дадените препораки.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Македонија

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Читај повеќе

Европа се празни: Поразителна мапа на фертилитет

Читај повеќе
  • filter

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Читај повеќе

Велигденското примирје во Украина ќе почне наскоро, познати детали

Читај повеќе

Трамп објави „план“ за отворање на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Санчес повикува на создавање ЕУ војска: Не за 10 години, туку веднаш

Читај повеќе

Ескалира конфликтот Зеленски-Орбан: Какви ќе бидат последиците за Европа?

Читај повеќе

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Читај повеќе

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Читај повеќе