Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и недвосмислена поддршка за Предлог-законот за заштита од пушење.

Според Институтот, предложениот закон, кој предвидува целосна забрана за пушење во сите затворени јавни и работни простории, не е рестриктивна мерка, туку основен здравствен стандард и човеково право. Оттаму велат дека секој работник има неприкосновено право на чист воздух и работно место кое не го загрозува неговото долгорочно здравје.

„Нагласуваме дека работниците во угостителскиот сектор се меѓу најранливите групи. Овие вработени често се изложени на високи концентрации на тутунски чад во текот на целото работно време, кое често надминува 8 часа дневно. За овие работници, пасивното пушење не е избор, туку претставува сериозен здравствен ризик кој потекнува од нивното работно место. Научните докази се јасни: не постои безбедно ниво на изложеност на чад или аеросоли од тутунски и никотински производи. Пасивното пушење е докажана причина за сериозни респираторни и кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи го и ракот на белите дробови, дури и кај непушачите. Наша должност како јавно-здравствена установа е да обезбедиме ниту едно лице да не биде 'колатерална штета' на туѓа навика додека ги извршува своите професионални обврски“, се наведува во соопштението.

Затоа, Институтот ги повикува работодавачите, особено во угостителството, да ја поддржат примената на законот како мерка за безбедност при работа, а не како „казна“; работниците да го препознаат правото на чист воздух како дел од правото на безбедно работно место; инспекциските и надлежните органи да обезбедат доследна примена, затоа што само така законот ќе ја исполни својата цел.

„Со спроведувањето на овие мерки, не само што ги штитиме поединците, туку и ја зајакнуваме нашата економија преку намалување на боледувањата и продолжување на животниот век на нашата работна сила. Институтот за медицина на трудот на РСМ цврсто стои зад овој закон. Јавното здравје и безбедноста на нашите работници мора секогаш да имаат предност пред комерцијалните интереси. Повикуваме на поддршка од сите чинители за оваа транзиција кон почиста, поздрава и попродуктивна работна средина за сите работници во нашата земја“, се наведува во соопштението.

реклама

2027 година ќе им го ресетира животот на 5 хороскопски знаци

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Хаос во Хаг по пресудата за Тачи: Поддржувачи на УЧК ја нападнаа полицијата

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Македонија

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Read more

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Read more

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Read more

Ахмети: Пресудата за Тачи и поранешните водачи на УЧК е неправедна и длабоко разочарувачка

Read more

Вести

Сателитски податоци: Гренланд и Антарктикот изгубиле над 12 трилиони тони мраз

Читај повеќе

Путин: Никој нема да може да ја распарчи Русија или да нè заплаши

Читај повеќе

Утре сончево со мала до умерена локална облачност

Читај повеќе

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите

Читај повеќе
  • filter

Како Хашим Тачи од миленик на Западот и Косовскиот Вашингтон стана осуден воен злосторник?

Читај повеќе

Врховен за укинувањето на пресудата за Јакимовски: Не било утврдено дали објектот бил траен или времен

Читај повеќе

Германските возачи бесни поради цените на горивата, Мерц најави мерки

Читај повеќе

Зеленски: Русија двапати се обиде со дронови да го нападне мојот авион

Читај повеќе

Ахмети: Пресудата за Тачи и поранешните водачи на УЧК е неправедна и длабоко разочарувачка

Читај повеќе