Заедно и сплотени секогаш можеме повеќе

Иуте и Екотип донираа прочистувачи за воздух во основното училиште Крум Тошев во Трубарево

Како општествено-одговорни компании со алтруистички дух, изразуваме големо жалење и сочувствуваме со сите граѓани кои се директно и индиректно погодени од неодамнешниот пожар во Трубарево, немил настан кој го наруши секојдневието на жителите и децата, оставајќи ги надвор од училишните клупи. Притоа изразуваме и голема благодарност до сите институции, волонтери, пожарникари, медицински лица и индивидуалци кои беа во првите редови уште од првиот миг.

Како резултат на партнерски договор, вчера беа донирани прочистувачи за воздух во ООУ „Крум Тошев“ во Трубарево - Општина Гази Баба, училиште кое се наоѓа во непосредна близина на опожарениот објект, благодарејќи и на отвореноста, брзата реакција и координација со Општина Гази Баба во интерес на добросостојбата на децата и граѓаните, општина со која досега веќе имаме реализирано низа проекти.

Со поставувањето на прочистувачите во ова училиште, ќе може да се овозможи побезбедна средина за учениците, наставниците и сите вработени – со што заеднички се прави важен чекор кон нивното здравје и благосостојба.

„Уште веднаш ја препознавме потребата и веднаш се договоривме да помогнеме. Вообично нашите донации ги реализираме тивко, достоинствено и без јавно експонирање, но овојпат чувствуваме обврска да проговориме – не заради нас, туку заради потребата од колективна свест. Да пратиме апел до целата заедница, секој кој е во можност, на начин кој е соодветен, да даде свој придонес и заеднички да овозможиме враќање на спокојот, нормалното секојдневие и на она што треба да претставува основна грижа на децата - детска радост и соништа. Нивната иднина е одговорност на секој од нас. Опремата која е донирана во училиштето е од врвен германски производител, со hp14 филтер кој е единствен од таков тип на пазарот и како медицински филтер ги исполнува стандардите за чистота на воздухот и во операциони сали. Дишеме заедно со вас и веруваме дека по секој тежок момент доаѓа светол почеток“, посочија Биљана Мишиќ од Иуте и Ламбро Патче од Екотип.

„Искажуваме голема благодарност за донацијата, со верба дека учениците ќе се чувствуваат побезбедно за време на наставата во училиштето. Голема благодарност и кон општината Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски, кои со својата заложба и координација ја овозможија оваа донација во кратко време. Здравјето на децата е на прво место, затоа што децата се нашата иднина“, изјави Александра Димитриевска, директорка на ООУ „Крум Тошев“.

Иуте и Екотип ќе продолжат да вложуваат во проекти за поддршка на заедницата, а со овој гест уште еднаш се потврдува посветеноста кон најмладите, еднакви можности за нормално детство, како и подобри услови за нивното образование.

На децата од ООУ „Крум Тошев“ им посакуваме среќно и безбедно враќање во училишните клупи.

За нов здив, за нови почетоци, за поубави детски соништа. Заедно и сплотени, секогаш можеме повеќе и подобро.

Тагови
реклама

Ново истражување го разби митот за 10.000 чекори дневно

Read more

Младата Месечина во Бик ќе донесе остварување на соништата за 3 хороскопски знаци

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Што се случува со вашиот метаболизам ако секој ден јадете пилешко и ориз?

Read more

Македонија

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Read more

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Read more

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Како пиун на Радев, ставовите и барањата на Филипче не се разликуваат од бугарските

Read more
 

Вести

Иран: Се договоривме со Кина за теснецот

Читај повеќе

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Читај повеќе

Следува период на нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме

Читај повеќе

Русија воспоставува целосно партнерство со талибанците

Читај повеќе

Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

Читај повеќе
  • play_arrow

Од 13 анализирани пациенти, кај 9 се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

Читај повеќе

Дали европскиот начин на распределба на парите е застарен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсени двете лица што украдоа велосипед пред теретана во Скопје, следува кривична пријава

Читај повеќе

Голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Oпштина Аеродром

Читај повеќе