Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Два хеликоптера на Армијата утрово го гаснат пожарот на планината Јабланица кој трет ден гори во близина на селата Радолишта и Фјеришта, соопшти Центарот за управување со кризи.

Поради непристапноста на теренот Територијалната противпожарна единица Струга, според командирот Фети Мазари, побарале помош за гасење од воздух.

„Теренот е непристапен, два дена го гасиме од копно заедно со екипи на Македонски шуми. Вчера побарав од Центарот за управување со кризи помош за гаснење од воздух“, изјави Мазари, нагласувајќи дека не постои опасност од зафаќање на селата.

ЦУК соопшти дека во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

Општина Струга упати апел до граѓаните да покажат максимална внимателност и целосна одговорност.

„Палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането. Секое такво дејствие претставува сериозен ризик за природата, имотот и животите на луѓето“, соопшти Општина Струга.

Надлежните институции, посочуваат, се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, а против секое лице што ќе предизвика пожар или ќе постапува неодговорно ќе бидат преземени строги законски мерки.
 

реклама

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

За прв пат во историјата жена стана тренер на тим од Големата петорка

Read more

Македонија

Сончево и потопло време: максималната температура до 21 степен

Read more

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе