ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Јакимовски не признава пораз, обвинува за нерегуларности: Во Карпош не победивте, го украдовте

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, преку соопштение до јавноста упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја партијата за, како што наведува, изборни нерегуларности на локалните избори во Општина Карпош.

„Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!“, наведува Јакимовски додавајќи дека борбата на изборите не била витешка, туку кукавичка. Според него, изборниот процес бил проследен со купување гласови, злоупотреби, притисоци и медиумска блокада.

Во соопштението, тој истакнува дека во сите изборни циклуси досега секогаш ги прифаќал резултатите и им честитал на победниците, но дека овој пат не може да признае нешто што не било чесно добиено.

Јакимовски тврди дека бил сведок на, како што наведува, „организирано купување ромски и албански гласови, уцени, двојни гласачки ливчиња и употреба на јавни ресурси во корист на противкандидатот“.

Го спореди исходот од изборите со претседателските избори во 1999 година, обвинувајќи дека „исто како тогаш, повторно победила неправдата“.

„Сосема за крај. Слично вака, вие од ВМРО-ДПМНЕ 1999 година на претседателските избори, со крадење, силување, тепање, со скршени вилици и черепи, му ја украдовте победата на Тито Петковски и го устоличивте за претседател вашиот Борис Трајковски“.

Соопштението завршува со ставот дека, според него, „граѓаните на Карпош се вистинските губитници во оваа нечесна изборна битка“.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Македонија

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Read more

Ангелов: Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење

Read more

По 6 години повторно отворена сувенирницата во Порта Македонија

Read more

Вести

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија, покажа холандска анализа

Читај повеќе

Зеленски: Путин подготвува тајна мобилизација и носи десетици илјади Севернокорејци

Читај повеќе

Во Охрид почнува Силно светнал ден – бесплатен музички спектакл со 30 македонски изведувачи

Читај повеќе

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Читај повеќе
  • filter

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Читај повеќе

Црвена тревога во Грција: Прогласено највисоко ниво на подготвеност поради пожари

Читај повеќе

Полската економија е шеста по големина во ЕУ и е на добар пат да ја престигне Швајцарија

Читај повеќе

Зеленски: Успешно ја завршивме 40-дневната операција, Русија има големи проблеми

Читај повеќе

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Читај повеќе