Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година, денес е на разгледување пред пратениците на македонското Собрание.

Интерпелацијата, која ја поднесе пратеничката група на Левица, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев, кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини доволно говори фактот што тој досега не ни помисли да понуди оставка од морални причини, нешто што го правеле претходни македонски министри во слични ситуации кога сме имале вакви хаварии“.

„Интерпелацијата првенствено ја поднесуваме поради немање никаква контрола врз дискотеката ‘Пулс’, што е изречно законска обврска на МВР. Настанот во Кочани резултира со повеќе од шеесет починати и двесте повредени и на површина изнесе недозволиви и сериозни системски пропусти од страна на институциите и органите (МВР, ДПИ, УЈП, Дирекцијата за заштита и спасување, локални власти, инспекциски органи, републички и општински, Бирото за јавна безбедност, полициски станици и други), кои имаат законска надлежност да го регулираат, надгледуваат и да го контролираат работењето на угостителските објекти од таков тип, особено во однос на безбедноста на јавните настапи и настани и употребата на пиротехнички средства. Сите овие се задолжени да вршат редовни контроли, да издаваат потребни дозволи, да ги регулираат условите за безбедноста и да преземаат мерки за спречување злоупотреби. Дискотеката без мака си работи 13 години, притоа без да исполнува минимум услови за да работи и тоа е доказ за институционалниот башибозук што го создадовте сите вие со партизацијата на институциите за време на вашите владеења и шурувањето со секакви локални битанги поради болно властољубие, вклучувајќи ја и партијата што сега е на власт, а која сега глуми спасител и стабилизатор“, истакна Јанчев.

Според Левица, МВР потфрлило со тоа што дало согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир плус безбедноста на сообраќајот како во сопствените надлежности за проверка на работно време, на гласноста и бучавата, на присуство на малолетници по полноќ, на точење алкохол и употреба на наркотични супстанции. „Ништо од ова не е завршено. Да беше завршено, дискотеката немаше да постои“, рече Јанчев.

Дополнителен аргумент, како што истакна Јанчев, за одговорност на Тошковски е фалсификат лиценцата, која е во време на неговото министерување.

„Особено сомнителен е моментот што во истрагата се вклучени речиси сите бивши функционери од Министерство за економија, Државниот пазарен инспекторат и други органи, но симптоматично не се вклучени актуелните носители на функции од овие институции, вклучувајќи ги и одговорните лица од МВР, со исклучок на бившиот градоначалник на Кочани. Сите тие не презеле навремени соодветни мерки и пропуштиле да истражат и да санкционираат неправилности во работењето на дискотеката. Конкретно, ова се однесува на одговорните лица во ОВР Кочани, СВР Штип и во Бирото за јавна безбедност. Во јавноста излегоа информации за пријави за нарушување на јавниот ред и мир од страна на дискотеката ‘Пулс’, доставени до ОВР Кочани и СВР Штип. По нив не е постапено, што е спротивно на Законот за полицијата“, рече Јанчев.

Според Левица, нејасно и индикативно е изоставањето од истрага на актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветановска-Маневска, и началникот на Одделот за криминалистички работи во Кочани, Томо Донев, кои се повеќе од една година на функција.

„Не се гонат ниту одговорните лица што требало да водат евиденција за давање одобрение за употреба на пиротехнички средства од ОВР Кочани. Изоставена од истрагата е и главната инспекторка за економски криминал од ОВР Кочани, Кристина Јованова, која, и покрај фактот дека објектот само неколку месеци пред катастрофата бил казнет од УЈП поради неиздавање фискални сметки и други нерегуларности, не презела мерки за истрага за објектот“, рече пратеникот.

Левица во образложението за интерпелацијата прашува зошто МВР спротивно на стандардните оперативни процедури вечерта правела рација без присуство на трудов инспектор, без присуство на инспектор од УЈП и Државниот пазарен инспекторат, кој е и надлежен при констатирање неправилности, кои тука очигледно ги имало бидејќи објектот е без лиценца, да го затвори и да му стави пломба.

Remote video URL
реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Македонија

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Read more

Температури до 25°C, вечерва пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Медиумите одбиваат да ги објават резултатите од излезните анкети по изборите во Албанија

Читај повеќе

САД и Кина постигнаа договор

Читај повеќе
  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе