Јанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите конечно падна

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска го посети Одделението за внатрешни работи Прилеп, по големата полициска операција спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал.

Јанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските службеници кои повеќе од една година работеа на истрагата и реализацијата на операцијата. На средбата беа анализирани преземените активности и резултатите, но и следните чекори за одржување на безбедноста и спречување повторно создавање и зајакнување на криминални структури.

Јанев информираше дека во рамки на операцијата биле извршени претреси на 36 локации, а дополнителна активност била реализирана вчера во банкарски сеф, каде биле пронајдени над 50.000 евра.

Од вкупно 37 локации, четири претреси биле извршени кај полициски службеници вработени во ОВР Прилеп. Во рамки на акцијата биле пронајдени и одземени и моторни возила.

„Сите сме сведоци дека беше спроведена голема, сложена и комплексна операција, којашто не беше ад хок операција којашто требаше да биде само спроведена и да си отидеме, туку операција и истрага којашто бараше многу посветена работа, којашто беше долгорочна, многу посветена, истрајна и пред сè чесна работа. Колегите коишто се до мене и позади мене имаат многу непроспиени ноќи во еден подолг временски период“, истакна Јанев.

Тој информираше дека до надлежното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против 21 лице, а судот во Скопје определил мерки за обезбедување за сите лица опфатени со пријавата.

Јанев посочи дека операцијата била резултат на долгорочна истрага, прибирање докази и анализи, а активностите биле спроведени не само во Прилеп, туку и во Скопје и Струга.

„Тоа што е најважно за мене како прв човек на Бирото за јавна безбедност и на сите колеги, граѓаните да знаат дека митот за недопирливите во Прилеп конечно падна. Тоа е тоа коешто е наша должност, наша мисија – дека никој не може да се затскрива зад одредени конекции, одредени врски, одредени познанства и да се прави недопирлив“, порача директорот на БЈБ.

Јанев нагласи дека успешното завршување на операцијата не значи и крај на полициските активности во Прилеп. Истрагата продолжува, а посебен фокус ќе биде ставен на секојдневното и повидливо присуство на полицијата на терен и на зајакнување на соработката со граѓаните.

„Од денеска понатаму следува потешкиот дел. Тоа за што бевме овде го завршивме, го спроведовме. Меѓутоа, истрагата ќе продолжи секако и понатаму. Она што е најважно за локалната полиција е што понатаму. А понатаму значи – секојдневно ќе бидеме присутни со граѓаните, полицијата ќе биде уште повидлива“, истакна Јанев.

Директорот упати апел до граѓаните да не бидат неми сведоци на криминалот, туку да пријавуваат и да соработуваат со полицијата, потенцирајќи дека довербата се гради со секојдневна професионална работа, присуство и конкретни резултати.

„Кога институциите работиме заедно, кога споделуваме информации, кога ги градиме тимовите и кога работиме чесно, резултатите доаѓаат сами по себе“, порача Јанев.

реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Македонија

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Read more

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Read more

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Вести

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Читај повеќе

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Читај повеќе