Тендер за експерти за коридорите 8 и 10-д

ЈП за државни патишта ќе плаќа за 13 експерти исто колку за 92 вработени

Трошоците за изградба на автопатските делници на коридорите VIII и X-d продолжуваат да растат – покрај договорите за изградба и за надзор, во ноември 2025 година е склучен и договор за техничка експертска помош за вработените во ЈП за државни патишта во вредност од 3,8 милиони евра, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Во истражувањето се наведува дека тендерот за експертска помош е спроведен врз основа на стара проектна програма, изготвена пред почетокот на градежните активности на коридорите и откако веќе биле потрошени 381 милион евра.

„Договорот следува две години по формирањето на посебната проектна единици за изградба на автопатските делници и откако бројот на вработени во претпријатието се зголемил за 42 % (од 352 на 501). Хонорарите на ангажираниот македонско-српски експертски тим се движат меѓу 13.000 и 23.000 евра месечно, по експерт. Сепак, најголем дел од експертите ќе бидат ангажирани по 50 % од нивното време, а дел и помалку“, покажува истражувањето.

Според податоците, за 4 години ангажман, тим-лидерот ќе наплати 550.000 евра. Осуммина експерти ќе чинат меѓу 272.000 и 500.000 евра, секој од нив поединечно, додека четворица се со договори со пониска вредност – меѓу 38.000 и 156.000 евра.

„Во тимот на експерти е и лице од проектната единица за имплементација на проекти на Светска банка формирана во Министерство за транспорт. Нејзиниот месечен надоместок во Министерството, според податоците на Отворени финансии, изнесува 1.600 евра бруто (99.000 денари) месечно, а како експерт, „Државни патишта“ ќе ја плаќаат 10 пати повеќе, односно 15.600 евра месечно. Иако проценетата вредност не била јавно објавена, понудата на единствениот понудувач е речиси идентична со интерната проценка од 236 милиони денари. Државни патишта не доставија прецизна пресметка како е утврдена вредноста на овој тендер“, се наведува во истражувањето.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

Македонија

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Вести

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе

Си Ѓинпинг подготвува необичен потег за посетата кај Трамп

Читај повеќе

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе