Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје и препознатливите обележја на градот, соопштија од Град Скопје.

Проектот, како што е нагласено, има за цел да ја истакне архитектонската убавина и историската вредност на Камениот мост, создавајќи впечатлива ноќна визура која ќе биде дел од препознатливата панорама на Скопје.

„Постојат места во кои живее душата на еден град. За Скопје, тоа е Камениот мост. Сведок на времето, спој на двата брега на Вардар и на многу генерации, мост во кој се препознаваат историјата, идентитетот и гордоста на скопјани.

Денес започнаа активностите за негово декоративно и архитектонско осветлување – проект со кој неговата убавина ќе добие посебно место во ноќната панорама на нашиот град. Современото осветлување ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики и историската вредност на мостот, истакнувајќи ги неговите препознатливи сводови и автентичност. Ќе создадеме глетка на која скопјани ќе се гордеат, а посетителите ќе ја понесат како еден од најубавите спомени од Скопје. Овој проект е плод на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Изразувам искрена благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци што придонесуваат за неговата реализација. Заедно покажуваме дека искрените партнерства оставаат трајна вредност за градот и за граѓаните“, пишува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Реализацијата на проектот, истакнуваат од Град Скопје, е резултат на пријателството и добрата соработка со Општина Есенлер, Република Турција, потврдени преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка.

Од Градот Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката, како и до сите институции, стручни лица и поединци кои се вклучени во реализацијата на проектот.

„Нашите симболи ја носат приказната за тоа кои сме. Наша обврска е да ги чуваме, да се грижиме за нив и достоинствено да им ги предадеме на идните генерации. Камениот мост е симбол на Скопје и заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама на градот“, порачаа од Град Скопје.

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Македонија

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Минчев: Јавната администрација не е трошок, таа е инвестиција 

Read more

Вести

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Читај повеќе