Од ЕВН „Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8:30 до 14:30 часот корисниците од улиците „12-та Македонска Бригада“, „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“ во Општина Аеродром;
– во периодот од 8:30 до 12:30 часот дел од корисниците од улицата „Студеничанска“ во Општина Студеничани;
– во периодот од 8:30 до 15:00 часот дел од корисниците од село Горно Блаце, Општина Петровец;
– во периодот од 9:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улицата „Козле“, корисниците од улицата „Славко Брезовски“ лоцирани позади ОУ „Владо Тасевски“ (Општина Карпош), како и дел од корисниците од улицата „1“ во село Ајватовци, Општина Илинден;
– во периодот од 11:00 до 14:25 часот корисниците од улицата „Славејко Арсов“ лоцирани кон улицата „Тодор Александров“ кај Британска и Француска Амбасада и ИЗИИС, Општина Центар.