Кино сала, театар: Aеродромци за прв пат ќе добијат културен центар

Општина Аеродром го добива првиот мултифунционален центар каде аеродромци ќе можат да уживаат во концерти, кино-проекции, мултимедијални проекции, театарски претстави, ликовни изложби, конференции и голем број други настани, соопштија од Општината.

Мултифунционалнит центар се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче и ќе претставува место со кое ќе се збогати културниот и социјалниот живот на жителите.

Станува збор, како што појаснуваат надлежните, за целосна реконструкција и комплетно уредување на простор од околу 1.500 м².

„Општина Аеродром со овој проект аплицираше на повикот на Владата и доби 99 милиони денари за првата фаза од реконструкцијата.

Со реконструкцијата овој простор ќе биде целосно оплеменет. Покрај главна сала – гледалиште, ќе опфаќа и фоаје, бифе и едукативни простори-работилници. Исто така, ќе биде изграден и лифт со што ќе се реши пристапноста до содржините на мултимедијалниот центар за сите категории граѓани.

Гледалиштето во главната сала ќе има над 240 места за седење и дополнителен ред прилагоден за лица со посебни потреби во колички.

Општина Аеродром го добива својот прв мултифункционален центар со поддршка од Владата и од Министерството за култура и тиризам. Овој проект е од круцијално значење, затоа што аеродромци за прв пат ќе добијат културен центар, што ќе внесе посебен и нов импулс во нивниот културен-забавен живот“, се истакнува во информацијата.

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Македонија

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарска комора

Read more

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Read more

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Read more

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Read more

Вести

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарска комора

Читај повеќе

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе

Украина го одби американскиот план

Читај повеќе