Клековски вети реформа на итната помош, обнова на болниците и нови лекови

Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои денеска на прес-конференција зборуваше министерот за здравство, Сашо Клековски.

Министерот информираше дека новата есенцијална листа опфаќа 392 лека, од кои 193 се нови. Со ЦФ модулатори се лекуваат 126 пациенти со цистична фиброза, наспроти три во 2021 година. За пациентите со мултиплекс склероза се подготвени протоколи за дисперзирана терапија, а од вкупно 835 пациенти, 491 живеат надвор од Скопје. Деблокирана е донацијата на фактор VIII, а за сезонскиот грип се обезбедени 86.000 дози вакцини.

-Резултатите што ги презентираме не се изолирани активности, туку дел од поширок процес на системско унапредување на здравството. Зад секоја бројка стои конкретна промена, односно повеќе пациенти со пристап до терапија и подобра достапност на здравствените услуги, изјави Клековски.

Во болниците, обновени се трауматологијата на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија, а во Бардовци е реновиран „машкиот оддел 2“. Клиничката болница Битола добива опрема над 30 милиони денари, а во Клиничката болница Тетово се вработени 109 досегашни договорци. Во болницата „Св. Еразмо“-Охрид се очекува да завршат активностите за ново крило и четири операциони сали, додека пак, реновирањето на психијатриските установи продолжува во Демир Хисар.

Клековски најави реформа на итната медицинска помош, која предвидува издвојување на службата од ЗД Скопје, систем со парамедици и реорганизација на Ургентниот центар во клиничкиот центар.

-Онаму каде што треба многу повеќе да направиме се радиодијагностиката, онкологијата, КЦ „Мајка Тереза“ и секако обмислување на концептот за долгорочна нега, додаде Клековски.

Министерот зборуваше и за Стратегијата за дигитално здравство до 2030 година, дигитализацијата на услугите.

-Свесни сме дека пред нас има уште многу работа. Но, важно е што процесите се движат, реформите се спроведуваат, а резултатите постепено стануваат видливи. Нашиот фокус останува на пациентот и создавањето здравствен систем кој ќе биде одржлив, современ и достапен за сите граѓани, истакна министерот за здравство.

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Македонија

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Read more

Бени Шаќири замина од МКЦ, ама останува во екипата на Орце Ѓорѓиевски

Read more

ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици

Read more

АХВ ги прифати барањата на ветеринарите по денешниот протест

Read more

Вести

Бака Прасе лажирал дека е уапсен, се соочува со кривична за предизвикување паника

Читај повеќе

Протекоа податоци од Росстат: Речиси половина милион руски војници загинале во Украина

Читај повеќе

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Читај повеќе

Бени Шаќири замина од МКЦ, ама останува во екипата на Орце Ѓорѓиевски

Читај повеќе

ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици

Читај повеќе

Паѓа вредноста на Nvidia по скандалот со аферата на извршниот директор

Читај повеќе

Орбан по апсењето на брат му: Јас сум целта, тој е само пион

Читај повеќе

Кремљ: За крај на војната во Украина ќе разговараме без Европејците

Читај повеќе

АХВ ги прифати барањата на ветеринарите по денешниот протест

Читај повеќе