Кој плаќа ДДВ за пратките од Temu?

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата Temu.

Пратките што граѓаните ги порачуваат од Temu и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.

Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата.

ДДВ-то, кој е веќе пресметан во цената кон државата, го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.

Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадената вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн-пратки со вредност до 22 евра.

Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.

Оваа измена претставува значаен чекор во заштитата и развојот на домашната економија, особено во услови на интензивна глобализација и раст на дигиталната трговија и ќе придонесе за намалување на сивата економија.

Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ, кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.

Со усвојувањето на измените државата испраќа јасна порака за поддршка на компаниите што создаваат додадена вредност, инвестираат во развој и отвораат нови работни места во земјата.

 

 

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе