Конечно почна обнова на улицата Симеон Кавракиров во Мичурин

Започна целосната реконструкција на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, извршија увид во стартот на градежните активности, со што официјално започна реализацијата на проект кој, според Митески, долго време беше неопходен и очекуван.

„Оваа интервенција претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на животот на граѓаните. Улицата со должина од 485 метри претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број жители“, велат од Општина Аеродром.

Проектот за „Симеон Кавракиров“ опфаќа целосна обнова на коловозната конструкција, изградба на современи и безбедни тротоари, како и поставување нова асфалтна конструкција. Во рамките на зафатот се предвидени 3.950 м² асфалт и 2.305 м² тротоарски површини со бехатон.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 22 милиона и 630 илјади денари.

Реконструкцијата е дел од поширок инфраструктурен зафат на Општина Аеродром кој опфаќа 18 улици, во вкупна должина од 5,4 километри и вкупна вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.

реклама

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Македонија

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарската комора

Read more

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Read more

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Read more

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Read more

Вести

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарската комора

Читај повеќе

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе

Украина го одби американскиот план

Читај повеќе