Коруптивни шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите, истражување на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите.

Според нивното истражување, во 71% од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи.

„Анализата на жалбите укажува дека здравствените институции неретко ги евалуираат примените понуди непрецизно и со невоедначени критериуми, избирајќи понуди кои не ги исполнуваат барањата од тендерската документација.

Еден од најчестите проблеми се нејаснотиите во врска со потребната документација за пуштање во промет и увоз на лекови, што создава административни пречки во тендерската постапка и го зголемува ризикот од субјективно постапување.

Исто така, во тендерите се поставуваат несоодветни и селективно дефинирани технички критериуми или истите се менуваат во текот на постапката, со што се создаваат услови за фаворизирање на одредени фирми и се генерира корупција.

Државната комисија за жалби по јавни набавки усвоила 42% од жалбите поднесени од фирмите до здравствените институции, што значи дека во речиси секој втор предмет Комисијата утврдила неправилности при постапките за јавни набавки во здравството.

Одредени здравствени институции не постапуваат по решенијата на Државната комисија за жалби, со што се нарушуваат принципите на законитост и правна сигурност и се создава сомнеж за прикриено фаворизирање.

Процентот на обжалени тендери во здравството изнесува 1,95, што е помалку и од онака нискиот процент на жалби на сите набавки во земјата од 3%. Ова укажува дека правната заштита не се користи како ефикасен инструмент за борба против корупцијата во набавките.

Релативно малиот број жалби создава состојба во која здравствените институции не се под доволен надворешен притисок да ги почитуваат законските норми, што го зголемува ризикот од пристрасно доделување договори и злоупотреба на јавните средства“, се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе