Кривична против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е. (51) од с.Слупчане, Општина Липково, З.А. (59) од Скопје, Н.Б. (61) од Битола, А.Б. (59) од Скопје и С.К. (58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување.

На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.

Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман.

Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност. Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари.

Тагови
реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе