Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна демократска заслуга на градоначалникот. Граѓаните можат да дадат забелешки, но конечната одлука не ја носат тие, велат од Левица.

Од партијата додаваат дека спорниот нацрт-ДУП за Барутана веќе добил политичка поддршка во Советот на Општина Центар од широката коалиција на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а сега задолжителната законска процедура се претставува како доказ за некаква посебна транспарентност и демократичност.

„Не може прво да се крене рака за планот, а потоа јавната анкета да се продава како доказ дека граѓаните се тие што одлучуваат. Суштинското прашање е: кој е јавниот интерес од изградба на 25 објекти на падините на Водно и отворање простор за десетици илјади квадратни метри нова градба?“, прашуваат од Левица.

„Ако Герасимовски навистина верува дека граѓаните треба директно да одлучуваат, тогаш нека оди чекор понатаму и нека распише локален референдум за ДУП-от за Барутана. Наместо граѓаните да доставуваат забелешки за план за кој конечната одлука ја носат институциите, нека им се даде можност непосредно да се изјаснат дали го поддржуваат овој ДУП. Ако планот е навистина во јавен интерес, нема од што да се плаши од директниот глас на граѓаните. Затоа, Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана, на кој граѓаните на Центар директно ќе одлучат за иднината на просторот во нивната општина. Ако Герасимовски навистина стои зад своите зборови дека граѓаните треба да бидат тие што одлучуваат, тогаш нека го прифати овој предлог и нека им овозможи на граѓаните да го кажат својот став. Нека одлучат граѓаните, а не ПР-от на градоначалникот“, пишува во соопштението.

реклама

Септември носи пари и крај на грижите за четири хороскопски знаци

Read more

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто не беше повторен пеналот на Мбапе против Бетис?

Read more

Македонија

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Read more

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Read more

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Вести

ОН изгласа нова мапа на светот: Европа и Америка се намалуваат, Африка расте

Читај повеќе
  • play_arrow

Почна ослободувањето на трасата за скопскиот „мост што води во дневна соба“

Читај повеќе

85-годишен маж уапсен за подметнување пожар во Струшко

Читај повеќе

Израел ѝ се закани на Британија: Ако направат грешка, ќе има одговор

Читај повеќе

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Читај повеќе

Турчин уапсен во Охрид за поттикнување на проституција

Читај повеќе

Фронтекс за прв пат распоредува бродови во Ламанш 

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 случаи на заболени од вирусот Западен Нил во Европа

Читај повеќе

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца

Читај повеќе