Левица бара укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица предлага укинување на Регулаторна комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика, истакна Амар Мециновиќ, пратеник и потпарол на Левица на денешната прес-конференција, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање на јавни пари во приватни џебови.

„Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата енергетска сиромаштија ги окупира животите на нашите граѓани. Потребно е веднаш да се реагира во законската материја. Енергетиката не е технократска играчка туку е основа за нормален и квалитетен живот. Тоа е јавен интерес од највисок ред“, порача Мециновиќ.

Од Левица посочуваат дека илјадници семејства живеат во енергетска сиромаштија додека цените на струјата растат, јавните претпријатија тонат во долгови, а приватните електродистрибутери остваруваат континуирани профити.

„Овој систем не е случаен, туку е резултат на континуирани избори скриени зад маската на независноста на РКЕ. Така нареченото независно тело РКЕ со години функционира како штит за интересите на ЕВН и на сите други приватни електродистрибутери, а не како заштитник на граѓаните“, рече Мециновиќ и додаде дека „невидливото политичко влијание е најопасното за граѓаните“.

Како клучен елемент за укинувањена РКЕ, Левица ја наведе потребата од јасна политичка одговорност.

„Предлагаме укинување на РКЕ, за да постои политичка одговорност. За да може да се повикаат на политичка одговорност нашите премиери, нашите министри, кога сметките растат вртоглаво“, беше нагласено на прес-конференцијата.

Исто така од партијата посочија дека ЕСМ континуирано работи со загуби, додека ЕВН остварува вртоглави профити, што според нив е директна последица на одлуките на Регулаторната комисија.

„Јавниот интерес се уништува, струјата постојано поскапува затоа што ова не е слободен пазар туку систем за прелевање на јавни пари во приватни џебови. Јавните претпријатија беа втурнати на слободен пазар со одлука на РКЕ и наместо стабилност, добивме хаос во кој приватните профитираат, а јавните се ослабени и тонат во долгови“.

Како пример за спорни одлуки ја посочија улогата на РКЕ во изборот на ЕВН Хоум за универзален снабдувач, дозволувањето паушални фактури без отчитување на броилата како и воведувањето скалесто тарифирање.

„Скалестото тарифирање е социјално праведно само ако има 100% отчитување на броилата. Сѐ друго е казнување на сиромашните“, рече Мециновиќ додавајќи дека долгот на ЕСМ надминува над 200 милиони евра.

Посебно беше нагласена и мрежарината од 200 денари за сите 600.000 домаќинства. „Преку ова на месечно ниво ЕВН добива 2,1 милион евра, кои на годишно ниво се претвораат во 25 милиони евра. За осум години, доколу никој во Македонија не запали сијалица, ЕВН ќе оствари добивка од 200 милиони евра, колку им требаше ЕВН да го купат од нас“, посочи Мециновиќ.

Како илустрација за судирот на интереси, од партијата го посочија примерот со поранешниот претседател на РКЕ, Димитар Попов. „Тој претходно беше член на ВМРО-ДПМНЕ како што Бислимоски беше член на СДСМ. Пред изборот за претседател, Димитар Попов беше раководител на ХЕЦ во Ѓорче Петров во ЕВН. По завршување на мандатот, откако искористи една и пол година апанажа, повторно беше вработен во ЕВН на менаџерска позиција. Прашањето е очигледно: За кого работел претседателот на РКЕ помеѓу неговиот ангажман во ЕВН? За кого работи денеска Бислимоски?“, праша Мециновиќ.

На крајот од прес конференцијата Левица информираше дека ќе присуствува на најавената лидерската средба. „Како парламентарна партија која година и пол се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање на закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера за време на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока“, истакна Мециновиќ.

Remote video URL
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Македонија

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Read more

Вести

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе