Левица бара замрзнување на цените на основните производи: Цените растат со темпо кое народот не може да го издржи

Според Државниот завод за статистика, инфлацијата во април годинава, во споредба со истиот месец лани, изнесува 5,65%. Ова е многу повеќе од проектираната инфлација од 2,5% и јасно покажува дека цените растат со темпо кое народот не може да го издржи, велат од Левица.

Од партијата велат дека особено загрижува тоа што храната и безалкохолни пијалаци поскапеле за 8%, што директно удира по секое семејство.

„Ако се погледне периодот од април 2022 до април 2026, кумулативната инфлација достигнала алармантни 36%, додека храна и безалкохолни пијалаци поскапеле за 45,4%. Тоа значи дека за истите производи што граѓаните ги купувале пред четири години денес плаќаат речиси за половина повеќе. Од друга страна, платите и пензиите воопшто не го следат тој раст. Огромниот раст на цените на храната, струјата, енергенсите и основните производи покажува дека десничарската власт нема суштински план како да се справи со кризата и да го заштити стандардот на граѓаните. Наместо сериозни мерки гледаме импровизации, краткорочни потези и ПР пораки дека економијата е стабилна“, велат од Левица.

Она што особено загрижува, според партијата, е што Владата нема анти-инфлаторна стратегија.

Левица бара итно донесување на пакет мерки за заштита на граѓаните, кој ќе вклучува: ефикасна контрола и замрзнување на цените на основните производи, зголемување на минималната плата во согласност со реалните трошоци за живот и целосна транспарентност и отчетност во монетарната и фискалната политика.

„Без вакви конкретни и праведни чекори, инфлацијата ќе продолжи да го гуши народот, а најголемата тежина ќе ја понесат најсиромашните и работниците“, велат од партијата.

Тагови
реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Мицкоски: Со Клинички центар во близина на обиколницата може да привлекуваме пациенти и од соседните држави

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе