Левица: Газди одјавуваат работнички пред пензија за да не им исплатат отпремнина

Место да биде одјавена на денот на 62. роденден, „газдата“ ја одјавил 5 дена претходно, за да ја избегне обврската да ѝ исплати отпремнина. Ова е сведоштво на конфекциска работничка со 30 - годишен стаж од кој 10 години во последнава фирма, без ден отсуство, без ден боледување, секоја година со користен колективен одмор од 10 дена без право на доискористување на остатокот од одморот - впрочем, како и во повеќето конфекциски фирми, открива Антифашистичкиот фронт на жени при партијата Левица.

„Зошто Законот го дозволува тоа? Зошто газдите се лакоми баш за парите за отпремнина? Каде е човечноста, каде е емпатијата, каде е системот што треба да го штити работникот? Наши извори од АВРМ велат дека ова е пречеста пракса во последно време - доказ дека на газдите никој ништо не им може, работникот нема кој да го заштити, a системот е во распад!“, велат од АФЖ Левица.

„Честито пензионирање, силна жено! Примаш честитки со насмевка на лице, а во грлото - кнедла. Таа грутка и во нашите грла стои, па затоа зборуваме гласно!!! Оваа неправда мора да се исправи! Не смее да се повторува!“

Од АФЖ Левица апелираат „час поскоро да се санира таа 'дупка во Законот' и работникот да биде спокоен барем во деновите пред да се пензионира, оти и онака цел живот трпи терор од системот, од газдите, од државата! Секој работник заслужува да ги дочека своите пензионерски денови со достоинство, а не со понижување. АФЖ Левица стои на страната на жените-работнички и секоја ваква неправда ќе ја обелоденува, ќе говори гласно, ќе апелира и ќе се труди да обезбеди правна поддршка за секоја жена што ќе биде неправедно оштетена! Борбата за работничките права е децениска и вековна борба во која рамо до рамо со обесправените стоиме ние!“

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Македонија

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Read more

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Read more
 

Вести

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе